Дома Тикет на денот Тикет на денот (понеделник, 12.08.2024)

Тикет на денот (понеделник, 12.08.2024)

Пред продолжението на европските квалификации и почетокот на трите најјаки европски лиги, се смести денешниот ден кој е со нешто послаба понуда. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Виборг – Алборг – Т12+ @ 1.75 во Mozzart

Домаќините се без победа во првите три кола од новата сезона на данската Супер лига. Сепак распоредот беше тежок и до некаде тоа можеби им е оправдување. Зедоа само еден бод и тоа на премиерниот натпревар против Вицешампионот. Најголем проблем за Виборг е одбраната и тоа се докажува со фактот дека примија 9 гола, по три во секој натпревар. Гостите имаат пак една победа и два порази, а нивниот распоред е уште потежок. Победија против Силкеборг, а изгубија од Нордсјеланд и Митиланд. Овде ние очекуваме домаќините да постигнат два погодоци, а коефициентот за Т12+ е 1.75 во Mozzart.

Пјаст – Катовице – 1 @ 1.70 во 22Bet


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Екипата од Гљивица одлично ја започна сезона и после три изиграни кола собраа 7 бода и се многу блиску до лидерот Јагелонија кој има максимален учинок. Домаќините стартуваа со реми против Краковија, а потоа го победија Шљонск и Легија. Катовице од друга страна повторно се во елитата, а овој тим својата златна доба ја имаше на крајот на 80-те години каде што четири пати завршуваа како второпласиран тим. Овде очекуваме домаќините да победат без поголеми проблеми и типуваме 1 со квота 1.70 во 22Bet.

Петролул – Универзитатеа Клуж – Х2&0-2 @ 2.00 во Bet365

Романската лига започна и веќе се игра 5-то коло. Неколку тимови се на врвот без пораз, а меѓу нив е и тимот на Универзитатеа. Тие досега запишаа две победи и две реми, а најважната победа ја остварија во минатото коло кога во градското дерби го победија Клуж. Домаќините пак за разлика од нив имаат само една победа во првите четири кола, а на три од четири натпревари Петролул не прими гол. Без многу двоумење овде очекуваме гостите да останат непоразени на натпревар без многу голови. Наш предлог е Х2&0-2 гола со квота 2.00 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.95

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (недела, 15.12.2024)

Денешната недела е одлична во однос на понудата. Имаме натпревари кои ќе се играат ширум Е…