Дома Тикет на денот Тикет на денот (понеделник, 08.01.2023)

Тикет на денот (понеделник, 08.01.2023)

Денешната понуда е релативно слаба, но тоа не значи дека ќе ве оставиме без тикет на денот. Ова е нашиот предлог супер дабл за денес.

Мореиренсе – Каса Пиа – 1 @ 1.90 во Mozzart

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како и да завршил овој натпревар, Мореиренсе ќе останат на шестото место. Пред нив е Гимараеш со 4 бода, а зад нив е Фаренсе и со пет помалку. Инаку оваа екипа игра доста добро во последно време и немаат изгубено во последните седум кола и во тој временски интервал остварија четири победи и три реми. Каса Пиа пак зад себе имаше тежок распоред и играат против Порто и Брага, па не е ни чудно што паднаа на 12-то место и  сега имаат 16 бода. Ние овде очекуваме домаќините да ги земат трите бода и типуваме 1 со квота 1.90 во Mozzart.

Беитар Ерусалим – Ашдод – 1&2+ @ 2.20 во Bet365

Беитар ќе се обиде да стигне до плеј оф во елитната израелска лига, а останаа уште 11 кола до крајот на регуларниот дел од шампионатот. После тоа шесте првопласирани екипи ќе играат за титула и пласман во европските купови, додека останатите осум ќе се борат за опстанок. Домаќините се поблиску до долниот дел и се наоѓаат на 11-то место. Од последниот тим во зоната за плеј оф имаат 6 бода помалку и натпревар помалку па јасно е дека целта е тешко достижна. Ашдод во четири изиграни натпревари беше без неуспех со две победи и две реми. Овде ние типуваме 1&2+ со квота 2.20 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.18

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (сабота, 27.06.2026)

Продолжуваат натпреварите од третото коло на овогодинашното издание на Мундијалот, а покра…