Дома Останати Кошарка НБА Тејтум со 50 поени го одведе Бостон во плеј-офот, Индијана и Вашингтон ќе се борат за последното место на истокот 🎥

Тејтум со 50 поени го одведе Бостон во плеј-офот, Индијана и Вашингтон ќе се борат за последното место на истокот 🎥

Бостон успеа да се пласира во пеј-офот во НБА лигата откако вчера во натпревар од пеј-ин делот го победија Вашингтон дома со 118:100. Така Визардси добија шанса да се борат со Индијана Пејсерс која поубедливо го совлада Шарлот со 144:117.

Селтикси ќе играат со Бруклин во првото коло од плеј-офот. Најрасположен во победата на Селтикси беше Тејтум ој постигна 50 поени и додаде 8 скока и 4 асистенции, Кемба Вокер го заврши натпреварот со 29 поени.

Индијана иако беше без Карис Леверт Тернер, Воран и Лам успеа да слави против Шарлот со убедливи 144:117. Брисет постигна 23 поени, а Мекдермот имаше учинок од 21 поен.

Во клучниот меч за место во плеј-офот ноќта меѓу четврток и петок ќе играат Вашингтон и Индијана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

18-годишно момче направи сензација во Токио🎥

18-годишниот Тунижанец Ахмед Хафнауи ја креираше една од најголемите пливачки сензации во …