Дома Фудбал Тер Штеген во „аут“ до ноември

Тер Штеген во „аут“ до ноември

Првиот голман на Барселона, Марк Андре тер Штеген денес имаше успешна операција на десното колено, потврди каталонскиот клуб.

Германскиот голман ќе биде надвор од терените околу два и пол месеци соопштуваат од „Камп Ноу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа значи дека Каталонците нема да можат да сметаат на Тер Штеген до ноември, а сезоната во Примера за нив ќе започне на средината на септември.

Тер Штеген во текот на целата сезона имаше болки во коленото и поради тоа се реши да оди на операција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола целосно отворен: „Тие не уништија“

Ривалството што ја обележа модерната фудбалска ера и дефинираше една ера на Премиер лигата…