Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Баер Леверкузе, Муса Дијаби, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тен Хаг ќе прави големи промени во нападот, Марсијал заминува, па сака да донесе нов крилен напаѓач, а најголема желба е токму Дијаби.
Французинот има одлична сезона во дресот на Леверкузен каде постигна 14 гола и 11 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Леверкузен за слободата на 23-годишниот напаѓач бара 60 милиони евра, а Манчестер Јунајтед наскоро ќе почне преговори со германскиот клуб.
Дијаби е на радарот уште на Арсенал, Њукасл и ПСЖ, па „црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата.