Tренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека Џејдон Санчо нема да се приклучи на тимот додека не биде физички и психички подготвен.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англичанецот од 100.000.000 фунти, кој пристигна во Манчестер Јунајтед од Борусија Дортмунд во летото 2021 година, не ги оправда очекувањата на навивачите, клубот и јавноста.




Имаше неколку блескави натпревари, но ништо континуирано што би го направило редовен член на стартната постава на „црвените ѓаволи“.




Пред него има многу работа, а во наредниот период нема да биде дел од тимот за да се справи со својата физичка и психичка состојба.
„Сакаме да го вратиме што е можно поскоро, но не можам точно да предвидам кога ќе биде тоа. Неговата неподготвеност е и физичка и психичка“, изјави Тен Хаг.