Манчестер Јунајтед на идниот тренер Ерик тен Хаг ќе му даде 200 милиони фунти за летни засилувања, потврдија медиумите на Островот.
Се очекува Холанѓанецот официјално да биде потврден за нов тренер на „црвените ѓаволи“ следната недела.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според многумина со тоа клубот ќе се обиде да го насочи вниманието на фановите кон следната сезона, а не кон актуелната сезона која е разочарувачка.
Тен Хаг ќе направи многу промени во тимот и на лето сигурно заминуваат Погба, Мата, Матиќ, Лингард, Кавани и Лиј Грант, на кои им истекува договорот.
На продажба ќе бидат ставени Ван Бисака, Ерик Баи, Фил Џонс, Алекс Телеш, Марсијал и Рашфорд.
Поради тоа менаџерот ќе добие намалку 200 милиони фунти за нови засилувања за да изгради тим по своја мерка.
United will be very active in the transfer market this summer, with around £200m available for Ten Hag. [@DiscoMirror]#mufc #RS pic.twitter.com/5L9dXctjKt
— Red Devil Updates (@reddupdates) April 21, 2022