Дома Топ вести Тен Хаг добива 100 милиони за зимски трансфери

Тен Хаг добива 100 милиони за зимски трансфери

Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок беше еден од најактивните клубови на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тен Хаг почна да прави реконструкција на тимот, а на „Олд Трафорд“ летово пристигнаа Касемиро, Ериксен, Мартинез и Антони.

Сепак, тоа нема да биде крајот на засилувања за премиерлигашот, па така раководството планира да потроши уште 100 милиони евра во јануари.

Тен Хаг ќе добие 100 милиони евра за трансфери, а веќе направил листа на потенцијални засилувања.

Холандскиот стратег планира да ги троши парите на десен бек, играч за врска и напаѓач, но засега не се споменуваат имиња на фудбалери кои може да го засилат гигантот од Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…