Дома Останати Тенис Тенисерите побарале оставка на Ѓоковиќ!

Тенисерите побарале оставка на Ѓоковиќ!

Проблемите за Новак Ѓоковиќ не престануваат.

Откако денес беше објавено дека Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус, медиумите пишуваат за нов проблем на српскиот тенисер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Магазинот „Sports Iiustrated“ пишува дека тенисерите побарале Ѓоковиќ да поднесе оставка од местото претседател на Советот на АТП играчите.

Споменатиот извор додава и дека поголем број претставници во советот побарале оставка од рекетот број еден. Причината е што Ѓоковиќ по нивно мислење се однесувал неодговорно.

Ќе потсетиме, Новак беше организатор на „Адрија Тур“, турнир кој се играше во Белград и Задар. Вториот дел во Задар беше прекинат откако се потврди дека Григор Димитров е заразен со Ковид-19.

Подоцна се тестираа скоро сите кои беа во контакт со Димитриов, а освен Ѓоковиќ позитивни на коронавирус се Виктор Троицки, кондициониот тренер на Ѓоковиќ, бремената сопруга на Димитров и сопругата на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е претседател на Советот тенисери од летото 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал само што ја заврши кариерата настапи на турнир во друг спорт

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал веќе ја заврши кариерата во тенисот, а последнито настап г…