Дома Останати Тајсон полн со самодоверба: Ќе се борам со било кој!

Тајсон полн со самодоверба: Ќе се борам со било кој!

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон се спрема за враќање во рингот.

Популарниот Ајрон Мајк има 53 години, но неколку недели помина тренирајќи за да се врати во рингот и да одработи неколку хуманитарни борби од по 3-4 рунди. Се започна тивко, но се повеќе се зборува за ова и изгледа неговото враќање ќе биде реалност.

„Едноставно уживам во тоа што изгледам добро и што го покажувам своето тело. Се е можно. Моето его почнува да се крева. Постојат многу работи на кои се надевам во иднина“, изјави Мајк за „ТМЗ Спорт“.

Шанон Бриџс вчера потврди дека ќе биде негов противник.

„Разговарав со Мајк Тајсон. Да, одиме на борба, официјално е. Ќе биде тоа вистинска борба, ќе оставиме нашите тупаници да зборуваат“, изјави Бриџс.

Претходно многу се пишуваше и за трета борба со Евандер Холифилд.

Тајсон има јасна порака.

„Сите кои сакаат да придонесат и да помогнат во добротворната организација ги предизвикувам на борба“, порача Тајсон.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Рио 2016: Се сеќавате на трката во која „малиот“ си го победи својот идол? (ВИДЕО)

Рио, Олимпијада, 2016. Финале на 100 метри пеперутка. Фелпс е тука за да постави уште една…