Дома Топ вести Тајната на Роналдо: Добра диета и многу работа!

Тајната на Роналдо: Добра диета и многу работа!

Машината за голови на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо денес е топ тема во сите спортски медиуми после „шоуто“ кое го имаше синоќа во Торино.

Во каталонскиот „Мундо Депортиво“ се обида да ја откријат тајната на неговата добра форма и исклучителните атлетски параметри. Португалецот работи напорно во два правци – правилна исхрана и специјални физички тренинзи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Надвор од менито на Кристиано секогаш биле алкохолот, шекерот и чоколадото. Лебот е неразделен дел од неговата исхрана, како и пастата. На неговото мени никогаш не отсуствуваат овошјето, зеленчукот, рибата и кафениот ориз.

Салатата од пресни домати, тортилјата и пилешкото месо исто така се незаменливи на неговата трпеза. Роналдо исто така користи и хранливи суплементи од кои има потреба неговиот организам.

Режимот на исхрана е поврзан со часот на тренинзите и натпреварите. Доручекот секогаш му е богат со јаглехидрати, кои треба да бидат „потрошени“ за време на тренингот. Роналдо обрнува големо внимание и на хидратацијата на телото и внесува големо количество на течности.

Во спортскиот центар „Валдебебас“ работи заедно со професорот Антонио Пинтус, одделувајќи сериозно внимание на различни мускулни групи. Тајната на добриот скок се должи на добрата работа со квадрицепс, трицепс и бицепс, како и мускулатурата на грбот.

Иако има полни 33 години, ѕвездата на Реал се наоѓа во извонредна физичка форма, а тоа се должи и на правилното дозирање на силите во долгата фудбалска сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на ПСЖ

Францускиот репрезентативец Коло Муани сака да го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок. Кол…