Oд САД и НБА пристигнува тажна вест, почина човекот со најдолг стаж во најсилната кошаркарска лига во светот.
Легендарниот радио водител и коментатор, Ал Мекој почина на 91-годишна возраст. Мекој дел од НБА беше 51 година и тоа цело време го следеше својот Феникс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот натпревар кој го работеше беше во 1972 година, а поради старост мораше да се повлече минатата година.
„Тажен ден за сите во Санс“, изјави легендарниот кошаркар Чарлс Баркли.
Колкаво значење имаше Мекој за Феникс, но и за американската кошарка покажува тоа што во 2009 година беше примен во Куќата на славните.