Ѕвездата на Милан, Сусо игра уште една одлична сезона на „Сан Сиро“, а сега призна дека негова желба е уште долго да го носи дресот на „росонерите“.
25-годишниот Шпанец е трансфер мета на неколку европски гиганти, а проблем за Милан е што во неговиот договор има откупна клаузула од 40 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Сусо призна дека сака да остане во Милан и дека веќе започнале преговори за продолжување на соработката.
„Многу сум среќен во Милан и сакам да останам што е можно подолго. Веќе се остварени првите контакти за продолжување на договорот, но тоа е работа на мојот агент. Јас сум среќен овде и секогаш го давам најдоброто за овој клуб“, истакна Сусо.
„Гатузо е перфекен. Тој е вистинскиот човек за Милан и пример за сите нас. Многу ми помогна мене лично и секогаш кога ќе имаме потешкотии тој не сплотува како тим“, додаде Шпанецот.
Suso: "I'm very well here [at Milan], I am very happy. The first contacts [for contract extension] took place, there will be more talks. My agent will take care of this. I am very happy here, I gave my best and will always give my best for this club." pic.twitter.com/a1hNCgMaWj
— Milan Eye (@MilanEye) February 8, 2019
https://youtu.be/LsZkvAHhb4w