Дома Фудбал Англија Супер-компјутерот со изненадувачка прогноза: Ливерпул апсолутен фаворит за новата сезона во ПЛ

Супер-компјутерот со изненадувачка прогноза: Ливерпул апсолутен фаворит за новата сезона во ПЛ

Сезоната која неодамна заврши во Премиер лигата се решаваше во последното коло, а на крајот се радуваше Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул во последното коло беше блиску, но „граѓаните“ успеаа да направат пресврт во последните минути и од 0:2 да дојда до победа од 3:2 со што останаа на врвот. Наредната сезона ќе има промени и во двата табори.

Манчестер Сити се засили со Ерлинг Халанд, додека Ливерпул го доведе Давид Нуњез од Бенфика. Иако е се уште рано веќе започнаа да се прават и првите прогнози за новата сезона. Според „Супер-компјутерот“ на „Мирор“ Ливерпул во овој момент е фаворитот за титула во ПЛ.

Можеби звучи изненадувачки, но Ливерпул на врвот се најде со дури 71% шанси да ја освојат титулата. Потоа следува Манчестер Сити со 24%,. Се прогнозираше и пласманот во топ 4, тука Ливерпул и Сити добија максимално 100%, Арсенал 59%, Тотенхем 49%, Челзи 39% и Манчестер Јунајтед 15%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел во жестока дискусија со Пикфорд. “Прави како што ти реков”

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, се најде во интензивна дебата со Џор…