Дома Фудбал Останато Судот пресуди, но Алвеш остана во притвор

Судот пресуди, но Алвеш остана во притвор

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, кој беше осуден на четири и пол години затвор за силување, не успеа да собере милиони евра за кауција во дадениот рок и ќе мора да остане во притвор најмалку до понеделник.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во средата судот во Барселона одлучи да му дозволи на Алвеш да се брани од слобода во жалбената постапка и одреди кауција од еден милион евра. Меѓутоа, бидејќи правните застапници на 40-годишниот бразилски фудбалер не успеале да ја платат таа сума до дадениот рок (петок, 14 часот по средноевропско време), Алвеш овој викенд ќе го помине зад решетки, а најрано може да биде ослободен е понеделник.

Бразилецот веќе 14 месеци се наоѓа во затворот Брајанс 2, кој се наоѓа на 40 километри северозападно од Барселона.

И покрај долгата и исполнета со трофеи кариера во која играше за некои од најдобрите и најбогатите европски клубови, како што се Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен, Дани Алвеш изгледа дека сепак има проблем да плати еден милион евра.

На 22 февруари оваа година, Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор за силување на млада жена, што, според нејзината изјава, се случило ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година, во ноќен клуб во Барселона. . Ниту една страна не е задоволна од ваквата одлука на судот, бидејќи бразилскиот фудбалер тврди дека е невин, а обвинителството побарало многу построга, деветгодишна затворска казна. Двете страни најавија дека ќе се жалат на пресудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Моуринјо ќе го преземе Реал Мадрид, тренерот ја информираше и Бенфика

Очекуваниот враќање на Жозе Моуринјо во Реал Мадрид помина два часа денес во базата на Бен…