Дома Фудбал Останато Судот на Погба му изрече драконска казна и веројатно му ја заврши кариерата!

Судот на Погба му изрече драконска казна и веројатно му ја заврши кариерата!

Како и што се најавуваше, суспензијата за фудбалерот на Пол Погба е потврдена и ова веројатно значи крај за кариерата на францускиот играч за врска.

На почетокот на новата сезона Погба беше позитивен на естостерот и тоа беше утврдено од анти-допинг агенцијата по мечот на кој настапи против Удинезе. Позитивен беше и вториот контролен тест, па затоа и беше јасно дека Погба нема да помине добро.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред три месеци антидопинг обвинителството во Италија побара на Погба да му биде изречена суспензија од четири години, денес судот само го прифати тоа барање и ја потврди драконската казна за Погба.

Во перидоот од четири години Погба нема да смее да извршува било какви професионални обврски поврзани со фудбалот и со оглед на тоа дека има 31 година и формата во која се наоѓаше (постојано се повредуваше) тешко е да се очекува да продолжи.

Изминатите месеци, односно по потврдата на вториот допинг тест Јувентус не ја исплаќаше платата на Погба, а оваа потврда на Јувентус ќе му го олесни раскинувањето на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…