Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Судијата го барал дресот на Роналдо, Мароканците бесни: Ова не е Мундијал – ова циркус!

Судијата го барал дресот на Роналдо, Мароканците бесни: Ова не е Мундијал – ова циркус!

ronaldo

Селекцијата на Португалија предводена од својот најдобар фудбалер Кристиано Роналдо кој беше стрелец на единствениот гол стигна до победа против Мароко од 1:0.

Најинтересниот детал од оваа се случил на полувремето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, во фудбалскиот свет се појави информација дека главниот судија на натпреварот, Марк Геигер го побарал дресот на Кристиано Роналдо кога фудбалерите се упатувале кон соблекувалната.

Разочаран од таквиот потег беше и репрезентативецот на Мароко, Нордин Амрабат.

„Навистина не знам што бил во минатото, единствено што знам е дека денес беше премногу импресиониран од Роналдо. По натпреварот од соиграчот на Роналдо, Пепе дознав дека судијата на паузата го побарал дресот од Роналдо. Кога тоа е се случило, што правиме ние тука? Ова не е Мундијал – ова само еден циркус“, жесток беше Амрабат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…