Златан Ибрахимовиќ вчера за прв пат по враќањето заигра во дресот на Милан и тоа против нисколигашот Родензе и тој натпревар Милан го доби со 9:0.
Искусниот 38 годишен напаѓач на „Сан Сиро“ пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ЛА Галакси. Ибра во вчерашниот натпревар успеа да постигне гол и да запише асистенција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швеѓанецот вчера беше чуван од Филипо Вензо кој до пред неколку дена не можел ниту да сонува дека ќе биде на ист терен со неговиот идол од детството. Вензо инаку е студент по право во Милано и игра аматерски фудбал.
„Од детството сум навивач на Јувентус и уживав кога гледав како Капело го води клубот, тогаш омилени играчи ми беа Ибрахимовиќ и Дел Пиеро. Вчера дојдов на натпреварот, а кога тренерот ми кажа дека моја задача е да го чувам Златан не можев да верувам. Добро поминав, добив и негов дрес. Сега морам да му најдам добро место затоа што ова е еден од моите најдобри спомени во животот“, изјави Вензо.
Вензо порача дека бил воодушевен од тоа колку Златан е физички спремен иако има 38 години.
„Физички е неверојатен. Не ми изгледаше како да има 38 години бидејќи одлично се движеше на теренот. Веднаш можете да забележите дека е лидер. Навистина е неверојате“.