Дома Фудбал Останато Студен туш во Мадрид: Винисиус не е освојувачот на „Златната топка“, Реал бојкотира!

Студен туш во Мадрид: Винисиус не е освојувачот на „Златната топка“, Реал бојкотира!

Винисиус Жуниор нема да ја добие „Златната топка“ за најдобар фудбалер во изминатата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот важеше за главен фаворит, многумина веќе и го гледаа како освојувач на ова признание, сепак најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо има поинакви информации.

Имено, Романо јасно потенцираше дека Винисиус нема да биде добитникот, иако не откри кој ќе ја добие.

Исто така во Реал Мадрид донеле одлука да не присуствуваат на церемонијата во Париз вечерва бидејќи биле шокирани затоа што Винисиус не ја добил наградата.

Како што стојат работите во овој момент, освојувач веројатно ќе биде Родри, бидејќи и третиот конкурент е од Мадрид, Џуд Белингем, па во Реал не би бојкотирале ако тој е освојувачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голема драма на Светското првенство: Зошто беше поништен голот на Хрватска? ФИФА објави доказ

Португалија ја елиминираше Хрватска со резултат 2:1 во 1/16 финалето на Светското првенств…