Дома Македонски спорт Столе Димитриевски е опција за Барселона!

Столе Димитриевски е опција за Барселона!

Каталонскиот „Спорт“ најавува дека македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски е опција за Барселона по повредата на Тер Штеген кого го чека долга пауза.

Тер Штеген се повреди во натпреварот со Виљареал за викендот и според најавите веројатно ќе паузира околу осум месеци.

Димитриевски е опција за во јануари, но се споменуваат уште Алваро Ваљес и Ѓиљерме Растес. Во Барселона планираат Инаки Пења да го чува голот до јануари, а по отворањето на зимскиот преоден рок да ангажираат ново име.

Ќе потсетиме, Димитриевски летово пристигна во Валенсија, но се уште не дебитирал во Ла Лига бидејќи е резерва на Грузиецот, Мамардашвили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Металург ја продолжува карате-традицијата со 43. меморијал за Грдановски

Меморијалот „Никола Грдановски – Нике“ в сабота ќе го има своето 43. издание во Автокоманд…