Aргентинецот Марсело Биелса ќе ја предводи уругвајската репрезентација и најмалку до Светското првенство 2026 година, потврдија од уругвајскиот фудбалски сојуз.
Биелса и уругвајската федерација постигнаа договор и недостасува само уште официјализација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Постигнавме договор, разликите во преговорите се изрманети и останува уште само потпишувањето на договорот“, потврди членот на извршиот одмор Жорге Касалес.
На кормилото на Уругвај Биелса ќе го наследи Диего Алонсо кој ја напушти селекторската функција по испаѓањето во групната фаза на Светското првенство во Катар. Уругвај за Биелса ќе биде трета репрезентација во кариерата, претходно ја водеше Аргентина (1998-2004а) и Чиле (2007-2011).
Последниот ангажман Биелса го имаше во Лидс кој го тренираше од 2018-та до 2022-ра година, а во текот на кариерата водеше низа клубови меѓу кои се Њуелс Олд Бојс, Атлас, Америка, Велез Сарсфилд, Еспањол, Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио, Лил…
Првите предизвици на клупата на Уругвај Биелса би требало да ги има со пријателските натпревари против Никарагва и Куба.