Станува јасно дека Месут Озил ќе го напушти Арсенал во јануари.
Германскиот фудаблер изгледа ќе го напушти Арсенал после шест години и турските медиуми тврдат дека имаат доказ за тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие откриле дека куќата на Озил во Лондон е ставена на продажба и тоа е знак дека Озил планира заминување од Лондон.
Се очекува дека негова наредна дестинација ќе му биде Фенербахче, тим со кој се поврзуваше и во текот на летото.
Озил оваа сезона не се наигра во дресот на Арсенал. Настапи само на два натпревари и Унаи Емери не смета на него.
Вкупно за шест години германскиот играч за врска настапи на 233 натпревари и постигна 43 гола.
Озил во кариерата претходно го носеше дресот на Реал Мадрид, Вердер и Шалке.