Дома Фудбал Останато Статуата на Ибрахимовиќ е преполна со аматерски грешки (ФОТО)

Статуата на Ибрахимовиќ е преполна со аматерски грешки (ФОТО)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ доби 2.7 метри висока статуа во Малме на почетокот на овој месец.

Статуата се наоѓа пред новиот стадион на Малме, клубот во кој поранешниот играч на Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед ја започна својата голема кариера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси свечено ја отвори статуата со својот лик, висока 2.7 метри.

„Многу сум среќен поради местото на кое се наоѓа статуата. Тоа беше моја желба од почеток. Во Малме се започна и моето срце е во овој град“, изјави Ибрахимовиќ.

Но, статуата на Ибрахимовиќ е преполна со грешки, а тоа налути многумина во Шведска.

Така на Ибра му се препишани двете титули со Јувентус од 2005 и 2006 година, а „старата дама“ официјално тие титули не ги поседува поради скандалот „Калчополи“.

Освен тоа место „Лига 1“ француското првенство, стои „Лига“, додека место „ФК Интернационале“ стои „ФЗ Интернационале“. Исто така недостасува „C“ во „Тrophee des Champions“, па напишано е „Тrophes des Hampions“.

Грешките се раширија на друштвените мрежи и предизвикаа бес кај фановите на Златан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Kaсано жестоко удри по ѕвездата на Милан: Головите не значат ништо, ги имаше и Инзаги па беше лош!

Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано (43) ја коментираше состојбата во Милан. Се…