Дома Фудбал Останато Статуата на Бекам во Лос Анџелес доби нов изглед (ФОТО)

Статуата на Бекам во Лос Анџелес доби нов изглед (ФОТО)

Дејвид Бекам беше првата голема ѕвезда која се реши кариерата да ја продолжи во САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


МЛС лигата одлучи да вложи многу пари во развој на фудбалот, а јасно беше дека треба да се почне со некоја голема ѕвезда. ЛА Галакси во 2007 година го направи најдобриот маркетиншки потег доведувајќи го Дејвид Бекам.

Бекам во дресот на Галакси помина шест години, но се враќаше и во Европа на позајмици во Милан и ПСЖ.

Легендарниот играч во првата сезона со Галакси ја освои титулата и стана икона на клубот. Пред неколку години доби статуа пред стадионот на овој клуб и тоа е јасен доказ колку навивачите го ценат.

Но, неговата статуа сега доби малку поинаков изглед бидејќи му ставија заштитна маска како порака на граѓаните на Лос Анџелес да користат маски додека трае пандемијата со коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дали в недела ќе го видиме најголемиот скандал на Мундијалите од 1982 година?

Рано наутро во недела би можеле да бидеме сведоци на нов спортски скандал на Светското прв…