Дома Останати Кошарка Стартува новата сезона во НБА во која ништо НЕМА да биде исто!

Стартува новата сезона во НБА во која ништо НЕМА да биде исто!

Со натпреварот помеѓу Кливленд и Бостон вечерва (02:00) започнува новата сезона во НБА лигата.

Во новата сезона не очекуваат и пет големи промени кои можеби се само вовед во целосното укинување на конференциите бидејќи веќе со години Западот е многу посилен од Истокот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нема веќе натпревари помеѓу Исток и Запад

После 66 години се менува форматот на „Ол-Стар“ натпреварите. Не место традиционалниот натпревар помеѓу Истокот и Западот ќе гледаме натпревар на играчи кои ќе ги изберат кошаркарите со најмногу гласови од навивачите, новинарите и играчите. До овие промени дојде бидејќи Западот од 2000 година славеше во 12 натпревари.

Калкулации

И понатаму послабите тимови можат да губат натпревари со што би си дале поголеми шанси на драфтот, но со новите промени повеќе нема да бидат огромни фаворити.

Оваа одлука беше донесена откако Филаделфија со срамни калкулации состави тим со кој во иднина би можела да се бори за титулата. НБА сега сака да го спречи намерното губење натпревари.

Претходно најлошиот тим имаше 25% шанси за прв избор на драфтот, вториот најлош 19.9%, а третиот 15.6%… Од драфтот во 2019 година трите најлоши тимови ќе имаат само 14% шанси за прв избор на драфтот.

Две нови правила

НБА лигата одлучи да им даде задача на судиите на применуваат две нови правила од оваа сезона.

Воведена е мжност за досудување намерен прекршок или техничка грешка на одбранбениот играч кој нема да му дозволи шутерот сигурно да му дозволи да доскокне. Оваа промена се воедува откако Кави Леонард се повреди во доигрувањето после незгодниот доскок.

НБА има за цел да го намали и бројот на намерно изнудени прекршоци при шутот. Судиите сега ќе обрнуваат внимание на тоа дали телото на шутерот при исфрлувањето на топката е во исправена положба. Оваа промена веројатно најмногу ќе му пречи на Џејмс Харден кој е мајстор за такви ситуации.

Подолга сезона и забрана за одмарање

Со оваа одлука НБА лигата сака да го намали одмарањето на главните играчи после неколку одиграни натпревари во низа. Новата сезона започнува една недела претходно, па нема да гледаме неверојатни 18 натпревари на еден клуб во 30 денови или четири натпревари во пет дена.

Бројот на натпревари „ден за ден“ е намелен за десет проценти, минатата сезона имаше 482 вакви натпревари.

На најголемите ѕвезди им е забрането одмарање на гостувањата бидејќи се случуваше навивачите скако да платат да ги видат Леброн Џејмс или Стеф Кари, а потоа тие одмараат и се чуваат за следниот натпревар. Од сега ќе мора да одмараат само пред својата публика.

Нови договори

Воведени се двонасочни договори, а секој клуб може да има двајца кошаркари кои имаат ваков договор. Тие ќе играат во развојна лига за франшизи на НБА клубовите, но ќе имаат право да бидат повикани доколку дојде до повреда. Во НБА клубот ќе можат да поминат 45 дена после што ќе мораат да потпишат договор или да станат слободни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми, но во каталонскиот гигант веруваат…