Скаути на Англискиот гигант Манчестер Јунајтед го следат српскиот дефанзивец и член на Партизан кој во Србија го носи прекарот „српскиот Серхи Рамос“, пишува „Manchester evening news“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Станува збор за 18 годишниот Светозар Марковиќ кој дебитираше за Партизан во Лигата на Европа.
Марковиќ е млад репрезентативец на Србија и настапуваше во категориите до 16 и 17 години.
Задолжен за следење на овој фудбалер е Будимир Вујачиќ кој работи како скаут во редовите на англискиот гигант.
Вујачиќ на Јунајтед претходно го препорача и Зоран Тошиќ кој не се прослави во дресот на „ѓаволите“. Но сепак тој има голема доверба бидејќи токму тој е еден од најзаслужните што Немања Видиќ го облече дресот на Манчестер Јунајтед.
