Дома Фудбал Репрезентации Србите ќе бидат бесни на Клоп: Големиот талент донел одлука

Србите ќе бидат бесни на Клоп: Големиот талент донел одлука

 Шпанските медиуми тврдат дека Стефан Бајчетиќ ја донел одлуката за која репрезентација да игра во иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите Бајчетиќ ги разочарал Србите и ја избрал Шпанија. Бајчетиќ е син на поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, Срѓан Бајчетиќ, но има право да игра и за Шпанија затоа што е роден таму и неговата мајка е шански државјанин.

Бајчетиќ наводно веќе го известил Фудбалскиот сојуз на Србија дека неговата одлука е конечна, додека истото го направил и со селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте на кого му дал позитивен одговор.

Наводно, голем „виновник“ за изборот на Бајчетиќ бил и Јирген Клоп кој го советувал да игра за Шпанија затоа што тоа е репрезентација во која подобро и побрзо би се развивал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инцидент на Мундијалот за време на минутата молк за жртвите во земјотресот (Видео)

За време на минутата тишина на Светското првенство, навивачите на Шпанија и Уругвај предиз…