Никлас Бентднер би можел да се врати во една од најсилната лиги во Европа.
Откако не успеаа да ги доведат Диафра Сако, Александар Митровиќ и Мартин Баритвајт, Бордо се сврти кон доведување на „Лордот“ Нилкас Бендтнер. Данецот во овој момент игра за норвешки Розеборг, а после одличната сезона во која постигна 19 погодоци на 29 натпревари сака да се врати во најсилните лиги во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
29 годишниот Бенднтер во својата кариера помеѓу другите настапуваше и во едни од најголемите клубови во Европа како Арсенал и Јувнетус.
Со Розенборг стигна до освојување на титулата во домашното првенство каде што беше и најдобар стрелец.
Доколку потпише за Бордо, на Бендтнер ќе му остане само шпанската Ла Лига со оглед на тоа што настапуваше во Премиер лигата, Серија А и Бундес лигата.
Да потсетиме, Данецот имавме прилика да го гледаме и во Скопје кога Вардар оваа сезона играше во групната фаза од Лигата на Европа.