Во последното интервју кое Столе Димитриевски го имаше за шпанските медиуми истакна дека е фокусиран на Рајо и дека не знае ништо за понуда од Барселона.
Македонскиот голман брани во одлична форма и статистички е помеѓу најдобрите голмани во најсилните пет првенства. Утрово каталонскиот „Спорт“ излезе со вест дека Барселона ќе тргне по Димитриевски ако се ослободи од платата на вториот голман, Бразилецот Нето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спорт“ пишува дека откупна клазула на Димитриевски изнесува 6 милиони евра и Барселона ќе ја активира ако се најде нова средина за Нето.
„Димитриевски е избран од Барселона да го замени Нето доколку тој си замине. Почетните контакти се остварени, иако за Димитриевски има и други заинтересирани клубови“, пишува „Спорт“.