Дома Топ вести Спортскиот директор на Интер со порака до Барса: Го сакате Лаутаро? Ова е условот!

Спортскиот директор на Интер со порака до Барса: Го сакате Лаутаро? Ова е условот!

Од Интер потврдија дека Барселона ги контактирала за доведување на Лаутаро Мартинез.

На Барселона нема да и биде лесно да го доведе Мартинез. Каталонскиот гигант силно сака да го ангажира 22 годишниот напаѓач. Со Интер разговаравме за повеќе опции, но работата не е завршена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако се суди според зборовите на спортскиот директор Интер Пиеро Аусилио работата нема ни да биде завршена ако Барселона не ја плати клазулата од 111 милиони евра.

„Лаутаро Мартинез не е на продажба. Барселона не контактираше, имаме добри односи, но јасно им порачавме дека нема лесно да го продадеме. Тој не е на продажба, освен ако Барса не ја плати откупната клазула“, јасен е спортскиот директор на „нероаѕурите“.

Ова секако е нов жесток удар за тимот од „Ноу Камп“ кој едноставно нема можност да плаќа огромни клазули, а очигледно Интер не е заинтересиран за размена на фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…