Дома Фудбал Англија „Специјалниот“ со валкана игра: Позиви во три наутро само поради Лукаку?!

„Специјалниот“ со валкана игра: Позиви во три наутро само поради Лукаку?!

Клубовите ширум Европа често страдаат од популарниот „ФИФА вирус“, а еден од оние клубови кои имаше најмногу проблеми во минатото е секако Манчестер Јунајтед, кој во своите редови редовно има голем број играчи, кои извршуваат важни улоги во своите репрезентации.

Таква е ситуацијата во текот на моменталнната репрезентативна пауза, надвор од тимот поради повредди кои ги заработија во репрезентативниот камп се Маруан Фелаини, Фил Џонс и Ромелу Лукаку.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Од страв дека Лукаку со својот настап во националниот дрес би можел да ја влоши својата состојба, изгледа дека некој во Јунајтед одлучи да повлече еден несекојдневен чекор.

Имено, за Лукаку да не заигра во дресот на репрезентацијата во овој циклус, во Јунајтед се одлучија да му се обратат директно на селекторот на Белгија, Роберт Мартинез.

Како што самиот Шпанец призна, добивал позиви во три наутро од непознат број, а личноста од другата страна се обидувала да го убеди да не го стави Лукаку во тимот за претстојните два меча на Белгија во квалификациите.

Колку и бизарно да звучи, тоа вроди со плод, Лукаку не беше во списокот за мечот со БиХ, а се чини нема да го има ниту со Кипар.

Лукаку во списокот го нема поради повредата која ја заработи, но се поврза се со оваа коинциденција и чекорите кои ги презела управата на „Црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…