Дома Фудбал Англија „Специјалниот“ крена бело знаме: Сити е шампион, тука нема дилема!

„Специјалниот“ крена бело знаме: Сити е шампион, тука нема дилема!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека трката за шампионската титула во Премиер лигата е завршена.

Градскиот ривал Манчестер Сити е неприкосновен лидер со 15 бода предност на табелата, а Мурињо верува дека тимот на Гвардиола веќе ја освои титулата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Им оди добро и не му дозволуваат на никого да им се доближи. Шампионската титула е практично одлучена“, изјави Мурињо.

„Останува борбата за останатите позиции, но не сметам дека поради Сити сезоната на останатите клубови е неуспешна. Челзи е актуелен шампион, Ливерпил има одличен тим, Арсенал имаше добар трансфер период, Тотенхем игра фантастично…нема да биде лесно да го задржиме второто место“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Радамел Фалкао стана слободен играч, каде ќе ја продолжи кариерата?

Милонариос денеска официјално го потврди раскинувањето со големиот колумбиски напаѓач, Рад…