Дома Луд Спорт Сопругата од Вејн Руни е гневна: „Идиотот ни ги уништи животите“

Сопругата од Вејн Руни е гневна: „Идиотот ни ги уништи животите“

Колин Руни е прилично лута на својот сопруг Вејн Руни, после последниот скандал кој го приреди тој. На почетокот од овој месец Руни беше уапсен во Вашингтон поради опивање на јавно место и пцуење, а тоа многу ја разлути Колин која веќе со години страда поради проблематичното однесување на нејзиниот сопруг.

Колин му се дереше и му кажа дека нема да ја напушти куќата без надзор. Го нарекуваше идиот и му кажа дека веќе го уништил нивниот живот во Америка, а само што се преселија таму“, изјави неименуван извор за Daily Mail.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Проблематичниот фудбалер не престанува со скандалите. Веќе 13 месеци не вози автомобил поради казна за возење во пијана состојба, а одработи и 100 часа општествено корисна работа. Беше уапсен минатата година.

Колин веќе му прости неколку швалерски афери, а изгледа дека Руни не се труди многу за да го поправи своето однесување. Тие се во брак десет години и имаат четири сина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Конор Мекгрегор осуден за силување

Поранешниот шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор, беше прогласен за виновен за сексуален напад …