Дома Фудбал Англија Солскјер со тешки обвинувања: Не местат за да паднеме!

Солскјер со тешки обвинувања: Не местат за да паднеме!

Манчестер Јунајтед успеа да победи на тешкото гостување кај Евертон со 3:1 и така наговести излез од моменталната криза.

По незгодниот пораз во Лига Европа во Турција, Јунајтед дојде изморен, а тренерот Оле Гунар Солскјер обвини дека раководството на лигата намерно наместила неговиот тим да загуби.

„Времето на натпреварот беше наместено за ние да паднеме. Ние игравме во Турција, имавме многу натпревари сезонава, дури во четвртокот стигнавме дома, а во саботата повторно игравме. Тоа е катастрофа“, вели Солскјер.

„Играчите не се роботи, тие се луѓе. Зарем беше проблем да играме во недела? Во сите клубови имаме многу повреди, но никој не се грижи за тоа“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Диего Симеоне се соочува со нови проблеми

Играчот на средината на теренот на Атлетико Мадрид, Пабло Бариос, се здоби со повреда и ќе…