Дома Фудбал Англија Солскјер: Резултати? Па и Рим не беше изграден за еден ден

Солскјер: Резултати? Па и Рим не беше изграден за еден ден

Maнчестер Јунајтед не изгледа баш најдобро на стартот на оваа сезона под водство на Солскјер.

Солскјер го наследи Мурињо на клупата во декември минатата година и после фантастичниот старт кој го имаше на „Олд Трафорд“ доби долгогодишен договр. Сепак, работите за него потоа тргнаа во надолна линија.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Јунајтед се уште е во процес на враќање на старите победнички патеки, меѓутоа не изгледа дека „ѓаволите“ се блиску.

Во интервју за „Скај Спорт“ Солскјер побара трпение.

„Не е исто како минатата години, желбата и мотивот се тука. Важно е да изградиме нова култара и да се сплотиме како тим. Дали ќе биде тешко? Никогаш не кажав дека брзо и лесно ќе се реши се. Одиме чекор по чекор. И Рим не беше изграден за еден ден. Потребно ни е време, момците се посветени. Верувам дека ќе продолжиме да напредуваме“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рајс до селекторот на Словачка: Замолчи ку*во една!

Aнглиската репрезентација се пласираше во четврфиналето на Европското првенство откако во …