Дома Топ вести Солскјер прави дрим-тим: Јунајтед спреми 250 милиони за четири ѕвезди

Солскјер прави дрим-тим: Јунајтед спреми 250 милиони за четири ѕвезди

Прекинувањето на натпреварувањата поради пандемијата од новиот коронавирус веќе доведе до финансиска криза во светскиот фудбал.

Сепак, оние најголемите и финансиски најсилни би требало без поголеми проблеми да ја надминат кризата, а еден од таквите клубови е сигурно Манчестер Јунајтед.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека Соскјер има четири мети и дека е спремен ова лето да потроши неверојатни 250 милиони фунти.

Прва мета е Калиду Кулибали од Наполи. ПСЖ се откажа од дефанзивецот и сега Манчестер Јунајтед е во пол-позиција за неговиот потпис. После просечната сезона во Наполи неговата цена во моментов изнесува околу 70 милиони евра.

Најголемата желба е Џадон Санчо, меѓутоа Борусија не брза да го продаде, па и понатаму инсистира на 100 милиони фунти. Сепак, Јунајтед се надева дека поради новонастанатата ситуација ќе успее да ја намали цената на фудбалерот.

Тука е и Џек Грилиш, офанзивниот играч за врска на Астон Вила. „Црвените ѓаволи“ и понатаму се заинтересирани за капитенот на Вила, а за неговиот трансфер ќе биде неопходно да издвојат околу 80 милиони евра.

Четвртиот фудбалер кој треба да пристигне на „Олд Трафорд“ е напаѓачот на Лион, Муса Дембеле. За неговиот потпис „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фернандеш: Ги изневерив соиграчите…

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека ги разочарал своите соиграчи …