Дома Фудбал Англија Солскјер: Не треба да си научник за да знаеш дека ни треба напаѓач

Солскјер: Не треба да си научник за да знаеш дека ни треба напаѓач

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека во јануари сака да донесе напаѓач на „Олд Трафорд“.

Слабиот старт на сезоната ќе ги натера „ѓаволите“ да бидат активни на трансфер пазарот оваа зима, а не е тешко да се заклучи дека им е потребен напаѓач после заминувањето на Лукаку и Санчез.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Им дозволивме на Ромелу и Алексис да си заминат, не треба да бидете научник за да сфатите дека следниот пат ќе ангажираме напаѓач“, истакна Солскјер.

„Бараме креативност и голови, но новите играчи треба да одговараат на нашата филозофија. И во летниот преоден рок имаше слободни напаѓачи, но не такви какви што сакавме. Нема смислам да купуваш играчи ако не си 100% сигурен во нив“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јамал подготвува спектакуларна прослава за 18. роденден, но ќе биде забранета една работа

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Ламине Јамал, во недела го слави својот 18-ти роде…