Maнчестер Јунајтед доживеа рана елиминација од Лига Купот откако на свој терен беа поразени од Вест Хем.




„Црвените ѓаволи“ така испаднаа од едно натпреварување, но пред Солскјер е борба на три фронта.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Започнавме лошо. Постигнаа гол, па ние почнавме да играме добро во долги периоди. Кога ќе видите дека сте имале 27 удари кон голот нема што да им замерите на момците. Сакавме да се пласираме понатаму, но тоа е што е. Сезоната е долга, не можам да им замерам на играчите за однесувњето, пред нас се уште големи натпревари“, изјави Солскјер.




Веќе во сабота Јунајтед го чека нов натпревар во Премиер лигата во кој ќе ја пречека Астон Вила, потоа следува мечот со Виљареал во Лигата на шампионите.



