Дома Фудбал Останато Совет од бразилската легенда до Нејмар: Ако не заминеш од ПСЖ ништо важно нема да освоиш!

Совет од бразилската легенда до Нејмар: Ако не заминеш од ПСЖ ништо важно нема да освоиш!

0
neymar

Веќе не можеме да кажеме дека тоа се само гласини и шпекултации, сите светски медиуми се убедени – Нејмар сака да го напушти Париз!

Редовно Нејмар добива и по некој совет дека би требало да го напушти Париз, а сега во таа низа се приклучи и легендарниот фудбалер и сонародник на Нејмар, Ривалдо.

Ривалдо смета дека Нејмар треба да го напушти ПСЖ и да се пресели во клуб со поголема историја.

„Ако Нејмар не го напушти ПСЖ никогаш нема да освои важен трофеј во кариерата. Поточно, никогаш нема ништо поважно да освои. Тука пред се мислам на Лигата на шампионите.

Француската лига е на пониско ниво од англиската или шпанската, а ПСЖ е клуб со скромна историја“, изјави Ривалдо.

Освен за иднината на Нејмар, Ривладо зборуваше и за Мундијалот кој започнува за помалку од еден месец.

„Секако, Бразил е мој фаворит. Фудбалерите им должат извинување на навивачите за разочараувањето во 2014 година. Ова првенство може да биде од големо значење за Нејмар и Габриел Хесус. Тие се нашите главни адути“, додаде Ривалдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Останато

Проверете

Зидан: Играчите на Ливерпул не играле финале, па што? Тие ќе бидат спремни да дадат се!

Финалето во Лигата на шампионите во Киев утре го играат актуелниот освојувач Реал Мадрид и…