Дома Фудбал Слушнавме и вакво нешто: Бензема дефинитивно е подобар играч од Меси

Слушнавме и вакво нешто: Бензема дефинитивно е подобар играч од Меси

Со заминувањето на Кристиано Роналдо главен напаѓач на Реал Мадрид стана Карим Бензема.

Бензема оваа сезона игра фантастично и се почесто добива пофалби од спортската јавност. Французинот оваа сезона има 18 голови и шест асистенции на 35 натпревари.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа колку и да е во добра форма Безнема со сета почит кон неговите фудбалски квалитети она што го кажа новинарот Антонио Санз е вистинска лудост.

Санз е новинар на „Марка“, а неговиот коментар гостувајќи во „Радио Марка“ брзо стана хит.

„Бензема дефинитивно е подобар играч од Лионел Меси“, прокоментира Санз.

Тешко дека овој негов коментар ќе биде сериозно сфатен дури и од навивачите на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Дијаз ги разлути навивачите на Ливерпул

Додека речиси целиот состав на Ливерпул беше на погребот на Диого Жота, имаше неколку фудб…