Дома Останати Ракомет Скубе: Самсоненко нема да биде во Вардар наредната сезона (ВИДЕО)

Скубе: Самсоненко нема да биде во Вардар наредната сезона (ВИДЕО)

Популарниот ракомет сајт „Балкан Хендбол“ овие денови оствари контакт од домашна атмосфера со бројни ракометари, а вчера на ред дојде Сташ Скубе.

Скубе во интервјуто ги спомена емоциите од минатата сезоната, а низ шега проговори дека за Вардар најдобро е сезоната да заврши. Тој откри и дека Сергеј Самсоненко сигурно нема да биде во клубот наредната сезона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако како што кажа тој Самсоненко заминува Скубе е оптимист.

„Јас сум опмитист и верувам дека работите ќе бидат подобри. Тие што останавме ќе ја одработиме сезоната фо крај и ќе видиме што ќе се случува. Знаеме дека Сергеј нема да во клубот наредната сезона. Искрено, не можам да кажам што ќе се случи. Се надевам дека тој што ќе го превземе Вардар ќе го врати на патот на кој заслужува, Скопје живее за ракомет. Имаме договор, но како што и сами знаете тој договор сега не значи многу. Одлуката ќе ја донесам наскоро, шансите засега се 50-50“, зборува Скубе во дел од интервјуто.

Во видеото погледнете го целото интервју.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

УЕФА ја казни Барселона за натпреварот со ПСЖ

Екипата на Барселона е казнета поради расистичко однесување и други постапки на своите нав…