Дома Фудбал Англија Сколс по отказот експресно доби понуда и тоа од Манчестер Јунајтед!

Сколс по отказот експресно доби понуда и тоа од Манчестер Јунајтед!

0

Пол Сколс баш и не се прослави во својот прв ангажман како тренер.

Легендарниот фудбалер после само седум натпревари и еден месец доби отказ од раководството на Олдам.

Сколс тренер на Олдамн стана на 12-ти фервуари и од тогаш до вчера (14-ти март) го водеше клубот на седум натпревари во кои запиша само една победа. Тренерската кариера за Сколс започна сосема добро и во своето деби го доби Јеовил со 4:1. Меѓутоа потоа следуваа негативните резултати.

Олдам во следните шест натпревари три пати одигра нерешено и три пати изгуби, а поразот од Линколн 0:2 беше пресуден за клубот да му ја покаже излезната врата. Сепак, веќе денес на Островот се пишуа дека Сколс доби фантастична понуда.

Имено, тој денес добил повик да му се приклучи на својот поранешен соиграч Оле Гунар Солскјер во Мначестер Јунајтед!

Оваа вест ја потврди и Солскјер во својата изјава.

„Го повикав Пол Сколс да ни се придружи тука, зборувавме малку за таа можност, но се уште нема ништо конкретно. Јас би сакал да соработуваме повторно“, изјави Норвежанецот.

Засега не е познато каква улгоа би добил Сколс на „Олд Трафорд“, но многу веројатно е дека Сколс би добил место покрај Солскјер на клупата како негов помошник во стручниот штаб.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најбрзите во Премиер лигата: Голманот на Фулам бил побрз од Салах!

Сезоната во Премиер лигата е завршена, а сега е откриено кои играчи беа најбрзи во ова нат…