Дома Фудбал Англија Сколс го избра најголемото промашување во историјата на Манчестер Јунајтед: Не знаеше ниту да шутира!

Сколс го избра најголемото промашување во историјата на Манчестер Јунајтед: Не знаеше ниту да шутира!

Пол Сколс го избра фудбалерот кој според него е најлошиот кој некогаш потпишал за Манчестер Јунајтед.

За иконата на клубот од „Олд Трафорд“ со повеќе од 700 настапи за клубот и 25 освоени трофеи, меѓу кои и 11 во Премиер лигата тоа е австралискиот голман со хрватски корени, Марк Боснич.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Боснич кариерата ја започна во Манчестер Јунајтед во 1990 година и по една сезона го напушти клубот. На „Олд Трафорд“ се врати во 1999 година како замена за Петер Шмајхел.

„Моравме да го замениме Шмајхел, знаевме дека ќе биде тешко. Марк Боснич беше добар во Астон Вила. Дојде кај нас и беше многу непрофесионален, тоа беше дури и смешно. Вежбите за шутирање вообичаено траат 15-20 минути. Тој беше уморен по само три удари. Не ни знаев дека не знае да шутира. Такво нешто во животот немав видено. На првиот натпревар игравме против Евертон, не успеа да ја шутне топката ниту до центарот. Денот беше совршен, без ветер. Разочарувачки. Навистина, Ентони е скапо платен, но за мене Боснич е најлош“, изјави Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…