Дома Фудбал Скандал во Англија: Навивач влезе на теренот и го нападна голманот на Њукасл

Скандал во Англија: Навивач влезе на теренот и го нападна голманот на Њукасл

Голем скандал се случи на натпреварот помеѓу Челзи и Њукасл, кога навивач на домашната екипа влезе на теренот и го нападна голманот Мартин Дубравка!

Се се случи во судиското продолжение откако Михајло Мудрик во 92. го израмни резултатот и им обезбеди пенали за сините.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, како и Еди Хау од Њукасл, го осудија ваквото однесување.

Мораме да бидеме внимателни. Навивачите мора да бидат внимателни со вакви ситуации бидејќи тоа е нешто што може да ги доведе играчите во опасност. Јас сум разочаран. Не се согласувам со вакви работи што се случија овде на Стемфорд Бриџ и на други стадиони во Англија или ширум светот – рече Покетино, додека неговиот колега додаде:

Отсекогаш сум велел дека безбедноста на играчите, тренерите, менаџерите, судиите, линиските лица е приоритет на секој фудбалски натпревар, така што треба да се работи се повеќе и повеќе за да се оддалечат особено лутите поддржувачи далеку од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…