Дома Фудбал Англија Сити преку Јунајтед до историја

Сити преку Јунајтед до историја

Манчестер Сити вчера ја забележа 13. победа во низа во Премиер лигата и со тоа се изедначи со четири клубови кои претходно го остварија овој учинок.

Престон и Сандерленд во иста сезона 1891/92 направија скор од 13 победи по ред, а тоа успеа да го повтори и Конте во минатата шампионска сезона со Челси.

Манчестер Сити на чело со Пеп од ремито со Евертон уште во септември, врза 13 победи и доколку наредниот викенд го победи Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, „Граѓаните“ ќе постават нов рекорд во Премиер лигата.

Дербито за Манчестер е на програмата во недела од 17.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…