Дома Фудбал Англија Сити и Ливерпул веќе санкционирани, следи и Челзи: Отворена истрага против лондонскиот тим

Сити и Ливерпул веќе санкционирани, следи и Челзи: Отворена истрага против лондонскиот тим

Трет пат во последните осум години, Челзи е под истрага на ФИФА поради сомнеж за кршење на правилата во текот на потпишување на договорите со малолетните фудбалери. Од другите за фудбал, талентирани земји. Светската фудбалска организација потврди денес дека процесот е покренат.

Челзи инаку веќе беше казнет поради пристигнувањето на Какута од Ланс, но скапоцените адвокати успеаа да ја соборат таа пресуда. Изминатата сезона под лупа беа поради доаѓањето на Траоре, кој е фотографиран како игра за Челзи пред да добие меѓународна дозвола.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најлошото сценарио? Забрана за странсфер слична на онаа како Атлетико. Британски Телеграф сепак вели дека престапот на Челзи е од блага природа, иако не открива точно за што се работи. За потсетување, поради кршење на истите правила, веќе санкциониран беше и Реал, но ја ублажи пресудата за забраната за регистрација на нови играчи, од една година на шест месеци.

Поради сличен престап оваа година казнети се и Манчестер Сити и Ливерпул, но ФИФА беше милостива кон нив, па само им забрани да доведуваат малолетни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…