Дома Трансфер зона Сити и Барселона во битка за играч на Јувентус

Сити и Барселона во битка за играч на Јувентус

Според пишувањата на италијанските медиуми, Барселона и Манчестер Сити го посакуваат во своите редови играчот на Јувентус, Родриго Бентанкур.

Уругваецот кој ова лето наполни 23 години пристигна во Јувентус од Бока Јуниорс во 2017 година за 12,5 милиони евра, а оваа сезона покажа одлични партии.

Претходната сезона исто така беше добра за Бентанкур кој одигра 40 натпревари и постигна два гола, а Јувентус на крајот од летниот преоден рок одби понуда од Манчестер Сити.

Во клубот од Торино има вишок на играчи во средниот ред, па тука Бентанкур не може да се избори за поголема минутажа и е спремен да ја промени средината.

Поради тоа Барселона и Сити ја следат целата ситуација и чекаат прилика да тргнат по играчот за врска.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Короната спречила спектакуларен трансфер на Роналдо ова лето?

Кристиано Роналдо пред две години одлучи да го напушти Реал Мадрид и да потпише за Јувенту…