Францускиот стратег, Арсен Венгер официјално потврди дека на крајот од оваа сезона по 22 години ќе го напушти клупата на Арсенал.
Искусниот стратег во Арсенал пристигна 1996. година и по 22 години одлучи да го пропушти местото на некој друг тренер. Венгер со Арсенал освои 17 трофеи, но сигурно дека најмногу ќе биде запаметена титулата шампион на Англија со незаборавената генерација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Топчиите“ пред 14 години станаа шампиони на Англија без ниту еден пораз во сезоната, со што го воодушевија фудбалскиот свет. Член на таа генерација беше и Ешли Кол кој подоцна стана непосакан во Арсенал откако што потпиша за Челзи.
Кол денеска игра за ЛА Галакси, а одлучи да се огласи преку Твитер со емотивна порака за Венгер. Се разбира, навивачите на Арсенал му упатија повратна порака дека ни со ова не може да го „оправда“ предаството со заминувањето во редовите на Челзи пред повеќе од десет години.
To the man who believed in me and trusted me to play in a great team,thank you for having my back. I will never forget the conversations we had and the belief you had in me thank you for some great memories and good luck in whatever is next for You #wenger ✌? pic.twitter.com/bZAlLMeVm5
— Ashley Cole (@TheRealAC3) April 20, 2018