Дома Фудбал Англија Сите го критикуваат, а Тен Хаг вели: Ова не беше срам, туку – голем успех!

Сите го критикуваат, а Тен Хаг вели: Ова не беше срам, туку – голем успех!

Додека сите веруваат дека Манчестер Јунајтед иако победи се посрамоти во натпреварот против Ковентри, Ерик тен Хаг смета дека неговиот тим постигнал голем успех.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во неделата Јунајтед водеше со 3:0 против Ковентри, но потоа прими три гола во последните 20 минути, па мечот отиде во продолженија и пенали, во кои избраниците на Тен Хаг „се протнаа“ и избегнаа вистински дебакл.

„Натпреварот не е срам, не го гледам така, ова е голем успех. Успеавме да стигнеме до второто финале за две години со сите тешкотии што ги имавме, а по овие 3:3 критиките воопшто не ме загрижуваат. Она што навистина ме загрижува е што 18 месеци ги немав сите играчи на располагање. Повредите кои ги имаме не се нормални во таа мера и на клучните позиции.

Тоа е вистината, другите можеби на тоа гледаат поинаку но јас не можам да трошам енергија и да се објаснувам. Мораме да бидам реален и да работам со она што го имам на располагање“, изјави Тен Хаг.

Во финалето Манчестер Јунајтед ќе игра против големиот ривал, Манчестер Сити на 25-ти мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сонот на Нејмар живее: Се најде на поширокиот список на Анчелоти!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе се најде на прелиминарната листа на бразилската реп…