До почетокот на Светското првенство во Русија останаа уште само 19 дена, а подготовките за најголемиот спектакл во светот на фудбалот веќе започнаа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот на актуелниот светски шампион, Германија, Јоаким Лев даде изјава за германските медиуми во која, измеѓу останатото, зборуваше за Роналдо и Меси. Лев одлучи да открие дека за него Меси е подобар од Роналдо.
„Ќе останам со претходното мислење дека Меси е подобар од Роналдо. Роналдо е сензационалец, голем професионалец и неверојатна гол машина со години, но едноставно Меси е најкомплетниот играч што некогаш сум го видел во мојот живот“, изјави Лев и додаде:
„Асистенциите на Меси се генијални и последните десет сезони секоја година постигнува околу 50 гола, но исто така има барем 30 асистенции што за мене е неверојатно. Да бидеш комплетен мораш да имаш повеќе од постигнати голови“.